Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за првпат во својата досегашна кариера го освои и АТП Мастерсот во Монте Карло, победувајќи го во големото финале Италијанецот Лоренцо Музети.
Алкараз, кој дојде во Монако без победа на тој турнир во кариерата, го совлада Музети по нешто помалку од час и 50 минути тенис со 2-1 во сетови, 6-3, 1-6, 0-6.
За Алкараз тоа беше шеста Мастерс титула во кариерата, додека Музети беше поразен во своето прво финале во категоријата 1.000. Мечот го одбележа трагичниот трет сет кој Италијанецот го одигра повреден, едвај одејќи од третиот гем па до крајот.
За младиот Шпанец ова е 18-та титула во кариерата и втора во 2025 година по Ротердам.
Тој сега ќе се врати и на второто место на АТП-листата, каде од понеделник ќе го мине Саша Зверев, додека Музети ќе стигне од 11-та позиција на листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА