Алкараз го победи Грикспор за осминафинале во Париз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз триумфираше против Холанѓанецот Грикспор за место во осминафиналето на ЛОИ 2024 во Париз.

Шпанецот го освои убедливо првиот сет со 6-1, но во вториот имаше проблеми со мускулот по што побара медицински тајм-аут и замина во соблекувалната.

По враќањето на терен спаси сет-топка во десеттиот гем, за да потоа во тај-брејк со 7-6 (3) дојде до конечна победа во два сета.

Се вчитува...