Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата во Квинс, на АТП турнирот во Лондон, победувајќи го во финалето Јиржи Лехечка.
Алкарас го победи Лехечка по три сета, и околу два и пол часа тенис, славејќи со 7-5, 6-7, 6-4.
Ова е втората титула на Алкараз во Квинс во неговата кариера, прва од 2023 година, и петта вкупно оваа сезона.
Во исто време, ова беше негова 18-та победа по ред, што е негов личен рекорд, а го освои и третиот турнир на кој игра по ред, по Рим и Ролан Гарос.
Со својот триумф во Квинс, Алкараз дополнително ја намали предноста во однос на Јаник Синер на АТП ранг-листата, па од понеделник ќе има разлика од „само“ 1.130 поени.
Long live the King 👑@carlosalcaraz goes back-to-back at Queen’s with title No. 21.@QueensTennis | #HSBCChampionships pic.twitter.com/QcwJllOzNk
— ATP Tour (@atptour) June 22, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

