Aлкараз го преслуша Медведев за ново финале на Вимблдон

Актуелниот шампион Карлос Алкараз во недела ќе има шанса да ја одбрани титулата која ја освои минатата година на третиот гранд-слем турнир во сезоната Вимблдон.

Шпанецот денеска во полуфиналето славеше над рускиот тенисер Данил Медведев со 3-1, по сетови 6-7, 6-3, 6-4 и 6-4. Иако Медведев одигра одлично во првиот сет и поведе со 1-0, немаше шанса за ништо повеќе во следните три сета.

Алкараз во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Србинот, Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети. Доколку најдобриот тенисер на сите времиња слави против Музети, ќе гледаме реприза на минатогодишното финале кое беше вистински класик.

Се вчитува...