Карлос Алкараз се одлепи на АТП-листата и има одлична предност во однос на Синер и останатите ривали од врвот на светскиот тенис.
Шпанецот игра импресивно и има 12 победи од почетокот на оваа календарска година, но свесен е дека е далеку од апсолутниот рекорд во оваа категорија сопственост на Новак Ѓоковиќ, кој ја почна 2011 година со неверојатна 41 победа во низа. Ѓоковиќ таа година ги крена пехарите во Мелбург, Дубаи, Индијан Велс, Белград и Рим, за серијата да биде прекината со поразот во полуфиналето на Ролан Гарос од Роџер Федерер.
„Знам за тој рекорд на Ѓоковиќ, 41 победа на стартот од една сезона. Секако дека сонувам еден ден да го урнам тој рекорд, но сега во моментов сум само на 12 победи, така што се е така далечно. Не можете да разберете што значи 41 победи во низа на големи турнири додека не се најдете во ситуација да го бркате тој рекорд. Горд сум на она што јас го направив од стартот на годинава, серијата на Ѓоковиќ ми е мотивација, но главна гордост ќе ми биде ако играм добар тенис што подолго… ако успеам во тоа резултатите сами ќе дојдат“, истакна Алкараз во пресрет на турнирот во Индијан Велс.
Тој како прв носител е слободен на стартот од овој Мастерс-турнир, а за ривал во второто коло ќе го има подобриот од дуелот Димитров – Атман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

