Карлос Алкараз ја коментираше борбата со Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП листата.
Алкараз влезе во 2023 година како тенисер број еден во светот, но Ѓоковиќ го престигна на првото место со освојувањето на Австралија опен.
„Ѓоковиќ е најдобар во светот во моментов, како и еден од најдобрите во историјата со Рафаел Надал и Роџер Федерер. Сите тројца доминираа во последните 20 години. Не смеам да го спуштам гардот, морам да одам од турнир во турнир ако сакам да бидам блиску до Ѓоковиќ на АТП листата, иако веќе е привилегија да се биде таму кај што сум“, изјави Алкараз.
Доколку го освои Рио, Алкараз во понеделник ќе се израмни со Ѓоковиќ на АТП листата, но Србинот ќе остане број 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

