Алкараз: Ѓоковиќ и Зверев ќе играат спектакл од натпревар

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Тој синоќа со максимални 3-0, по сетови 6-0, 6-1 и 6-4 славеше над Американецот, Томи Пол. По мечот говореше и за дуелот меѓу Ѓоковиќ и Зверев.

„Тој дел од ждрепката е многу, многу тежок. Во четвртфиналето ќе играат Ѓоковиќ и Зверев. Веројатно натпревар кој луѓето ќе го прогласат за дуел со пет ѕвездички. Ги гледав нивните игри на овој турнир, како и на Бублик кој игра со Синер. Тие ќе бидат средби за големо уживање“, изјави Алкараз.

Се вчитува...