Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои првата титула во 2024 година откако на мастерсот Индијан Велс во големото финале со 2-0 славеше над Данил Медведев.
Младиот тенисер имаше емотивна изјава по победата во која говореше и за проблемите со кои се соочил по освојувањето на Вимблдон претходната година.
„Имав многу тежок период по Вимблдон. Не можев да го најдам мојот стил, мојата игра. Во Пекинг и Шангај беше добро, не играв јас добро, но уживав. Моето семејство и мојот тим ме прашаа што ми е бидејќи повеќе не се смеев на теренот. Ми беше тешко да уживам сам со себе на теренот. Имав тешки моменти.
Среќен сум што повторно играм добар тенис како на овој турнир. Среќен сум што успеав да ја одбранам титулата. Научив дека без разлика што се, можеш да ги надминеш сите проблеми ако веруваш во себе“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

