Рафаел Надал и Карлос Алкараз успешно ја преминаа првата пречка во дубл конкуренција на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Париз.
Шпанскиот двоец во воведното коло беше подобар од аргентинската двојка Максимо Гонзалез и Андрес Молтени со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-4.
Противници во второто коло на Шпанците ќе бидат подобрите од дуелот меѓу Филс/Умбер од Франција и Жил/Влиген од Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА