Вториот светски рекет Карлос Алкараз без проблеми се пласираше во четвртфиналето на првиот АТП мастерс турнир од серијата 1000 откако синоќа го доби британскиот тенисер Џек Дрејпер.
По освојување на првиот сет со 6-2 и водство од 2-0 во вториот, младиот Британец во вториот сет поради повреда мораше да му предаде на полуфиналистот од минатата година во „пустината“. Во машкиот дел од турнирот пласман меѓу осумте најдобри обезбедија и: Јаник Синер, Френсис Тиафо и Феликс Оже Алиасим.
Кај дамите првата носителка и актуелна шампионка Ига Швјонтек продолжува со одличните партии. Таа синоќа без проблеми славеше над британската надеж Ема Радукану со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-1.
Пласман во чевртфиналето кај дамите обезбедија и: Елена Рибакина, Петра Квитова и Сорана Кирстеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

