„Алкараз и Синер не се добри пријатели“

Карлос Алкараз и Јаник Синер не се само лути соперници на теренот. Ова го тврди екс тенисерот од САД Џек Сок. 

По меѓусебните натпревари, тие покажуваат огромна почит еден кон друг, често го напуштаат теренот прегрнувајќи се, но нивниот однос не им изгледа многу искрен на сите.

Луѓето сакаат повторување на соперништвото меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал. Тениските фанови сега се воодушевени и велат „погледнете ја врската меѓу Карлос и Јанико“. Само затоа што се смеат и се прегрнуваат не значи дека се добри пријатели. Можеби ќе бидат, но сега приказната дека се многу блиски се преувеличува“, истакна Сок. 

Се вчитува...