Алкараз и Циципас во 1/4 финалето на Ролан Гарос

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас и шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, без проблеми се пласираа во 1/4 финалето на Ролан Гарос.

Циципас го совлада Арналди во четири сета со 3-1 и тоа со пресврт. Арналди го доби првиот сет, а потоа следуаше три добиени во серија на Гркот, за конечен триумф.

Алкараз, пак, го совлда Оже-Алиасим од Канада со 3-0 (6-3, 6-3, 6-1), во меч кој траеше нешто повеќе од 2:15 часа. Токму овие двајца ќе се сретнат меѓусебно во четвртфиналето.

 

Се вчитува...