Алкараз изгуби сет, па го прегази Серундоло

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Карлос Алкараз успешно го стартуваше својот настап на првиот АТП мастерс 1000 турнир на земјена подлога во Монте Карло.

Шпанецот во 2. коло во кнежевството славеше над Аргентинецот, Франциско Серундоло со 2-1, по сетови 3-6, 6-0 и 6-1.

Во осминафиналето Алкараз за противник ќе го има Германецот, Даниел Алтмаер кој беше подобар од легендарниот Французин, Ришар Гаске.

Во осминафиналето пласман обезбеди и Андреј Рубљов кој со максимални 2-0 (6-4 и 7-6) славеше над Гаел Монфис.

Се вчитува...