Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше задоволен од настапот на дуелот против Сонего.
Вториот тенисер во светот се пласираше во третото коло на Австралија опен, откако по четири сета и голема борба го совлада Италијанецот Лоренцо Сонего со 6-4, 6-7 (3), 6-3 и 7-6 ( 3).
„Навистина сум среќен со моето издание. И двајцата одигравме на одлично ниво и со висок интензитет. Натпреварот беше тежок поради ветерот и сонцето. Денеска беше тешко да се даде најдоброто од себе… Иако го загубив вториот сет, мислам дека одиграв добар меч, изјави Алкараз.
Во следното коло тој ќе игра против Кинезот Јиучен Шанг, кој ја совлада индиската сензација Сумит Нагал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

