Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, ја освои првата титула во 2025 година, откако денеска салавеше на АТП Турнирот во Ротердам, победувајќи го финалето Алекс де Минор со 2-1 (6-4, 3-6 и 6-2).
Ова беше само втор турнир за Алкараз оваа година. Играше во четвртфиналето на Австралија опен, каде загуби од Новак Ѓоковиќ.
Алкараз загуби вкупно три сета во Ротердам. Прво во првиот меч против Ботик Ван де Зандшулп, а потоа во полуфиналето и финалето загуби сет од Хуберт Хуркач и Алекс де Минор.
Во првите два сета по еден брејк им беше доволен на Алкарас и Де Минор да го освојат секој сет. Во вториот сет беше неизвесно до 3:2, а потоа Шпанецот направи два брејка во низа и ја освои 17-та титула во кариерата.
Ова исто така беше прва титула за Алкараз во сала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

