Алкараз ја прекина бајката на Вашеро – закажа спектакл со Синер во Монте Карло!

Карлос Алкараз го победи Валентин Вашеро во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло со 2-0 во сетови.

Алкараз победи во два сета, со 6-4, 6-4.

Вашеро, кој претходно обезбеди влез во Топ 20 и стана првиот играч од Монте Карло што стигна до полуфиналето на овој Мастерс, му пружи добар отпор на тенисерот број еден во светот, но не доволен.

Со оваа победа, Алкараз го закажа првиот дуел со Јаник Синер во 2026 година, а тоа ќе биде и директен судир за првото место на АТП ранг-листата од понеделник.

Финалето меѓу Синер и Алкараз се игра утре (недела) од 15 часот.

Се вчитува...