Шесткратниот грaнд-слем шампион Матс Виландер смета дека Карлос Алкараз треба да најде начин повторно да биде порелаксиран на теренот.
Алкараз на азиската турнеја загуби во полуфиналето во Пекинг,а во Шангај беше елиминиран уште во осминафиналето.
„Најважното нешто што го носи на теренот е неговата насмевка. Кога е под притисок, тој секогаш се забавува, а тоа се покажува во таа насмевка. Тоа е новина. Ниту големиот Роџер Федерер не го направи тоа, Надал сигурно не, Ѓоковиќ одвреме-навреме, но не на ист начин. Алкараз треба повторно да почне да се забавува на теренот. На теренот се чини дека е под многу поголема тензија од Вимблдон наваму“, изјави Виландер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

