Алкараз: Јас не сум замена за Рафаел Надал

Без Рафаел Надал во Барселона и Мадрид, Карлос Алкараз е првиот избро на шпанските тениски фанови кои во него гледаат замена за неговиот легендарен сонародник.

Сепак, на моментално вториот тенисер во светот оваа споредба не му се допаѓа, бидејќи како што вели тој не е замена за популарниот Рафа.

„Не сакам да бидам замена за Надал. Среќен сум што толку многу луѓе навиваат за мене и ми испраќаат позитивна енергија од првиот меч. Во овие две години кога Рафа игра малку, имав среќа и освоив титули. Отсекогаш сакав да играм против најдобриот, се надевам дека тој ќе продолжи да игра уште долго, но едно е сигурно, не дојдов тука да бидам нечија замена туку да испишувам своја историја“, изјави Алкараз.

Се вчитува...