Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен откако лесно славеше против српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ.
По победата над Србинот од страна на шпанските медиуми доби прашање да ја прокоментира изјавата на легендарниот Род Лејвер кој порача дека само чудо може да го спречи Новак Ѓоковиќ да ја освои 11. титула во Мелбурн. Полн со самодоверба како и секогаш Шпанецот изјави дека тој е чудото.
„Моето име е чудо“, започна низ смеа Алкараз. „Ќе направам се што можам да не се случи тоа. Ѓоковиќ тука освои многу титули и игра на врвно ниво, но ова е тенис и ништо не можете да тврдите однапред. Ќе продолжам да работам на себе. Следната цел е пласман во полуфиналето. Се надевам дека може да ја земам титулата во Мелбурн, но не ме чуди тоа што го изјавил Лејвер со оглед на формата и колку години доминира тука“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

