Шпанскиот тенисер Карлос Алкраз се сложи со легендарниот Роџер Федерер и неговата изјава дека наликуваат во стилот на игра.
Алкраз додаде уште една споредба, онаа на стилот на игра на неговиот најголем ривал Јаник Синер и уште една легенда – Новак Ѓоковиќ.
„Фантастично се чувствував кога слушнав што кажа Федерер. Нема да лажам. И јас се согласувам со него. Веќе го кажав тоа и порано. Јаник е посличен на Ѓоковиќ, и по начинот на игра и воопшто. Јас се гледам себе си посличен на Роџер“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

