Алкараз јавно се извини за „лудувањето“ во Синсинати: И јас сум само човек…

Карлос Алкараз беше шокиран од Гаел Монфиј во второто коло од Мастерс-турнирот во Синсинати, пораз со кој Шпанецот пропушти шанса да го прескокне Новак Ѓоковиќ на второто место на АТП-листата.

Шпанецот особено шокираше со однесувањето на почетокот од третиот сет, кога ги загуби нервите и почна да го крши рекетот, нешто што првпат му се случува на Алкараз во неговата кариера.

Тој денеска преку објава на социјалните мрежи се извини за своето однесување…

„Се извинувам за моето однесување вчера кое не беше дозволиво, тоа не е нешто што треба да се прави на теренот. Јас сум само човек, премногу работи чувам во себе и некогаш е тешко да се исконтролирам. Ќе работам за вакво нешто да не ми се повтори. Време е да размилуваме за Њујорк и УС Опен“, порача Карлос Алкараз преку своите профили на социјалните мрежи.

Се вчитува...