Карлос Алкараз ја потврди одличната форма во која се наоѓа со уште една импресивна победа, овојпат над Италијанецот Лучијано Дардери (37. на АТП-листата) со максимални 3-0 во сетови во рамките од третото коло од УС Опен.
Шпанецот одигра одличен меч во кој јасно му стави до знаење на противникот да не се надева на чудо, Алкараз го доби првиот сет со 6-2, а во вториот имаше мали проблеми со болки во ногата, па италијанскиот тенисер успеа да му одземе четири гејма. Алкараз по медицинската помош го доби сетот со 6-4, а потоа во голем стил доминираше во третиот дел од овој меч, славејќи со максимални 6-0.
Вториот носител ќе биде апсолутен фаворит и во следната рунда, каде за ривал ќе го има подобриот од денешниот дуел меѓу Французите Бонзи и Риндекнеш.
На женскиот дел од турнирот, десеттата носителка Рибакина неочекувано лесно и убедливо ја декласираше британската тенисерка Ема Радукану со 6-1, 6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

