Алкараз како фурија му се одмазди на Нори, Медведев лесно со „џелатот“ на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Данил Медведев и Карлос Алкараз се пласираа во полуфиналето на Индијан Велс.

Во четвртфиналето, Алкараз го победи Камерон Нори со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Со победата над Британецот, Алкараз го подобри својот скор на 16-0 во сезоната, стигнувајќи до своето четврто полуфинале на Индијан Велс по ред (две титули).

Ова е неговата четврта победа оваа година во Калифорнија, трета без загубен сет, а му се одмазди на Нори за шокантниот пораз на Мастерсот во Париз минатата година и сега е скор од 6-3 во победи против него.

Русинот Данил Медведев неочекувано лесно го победи „џелатот“ на Новак Ѓоковиќ, Џек Дрејпер, во два сета со 6-1, 7-5.

Се вчитува...