Најдобриот тенисер на дешеницата, Карлос Алкараз се пласираше во ново полуфиналет на АТП Мастерс турнирите од серијата 1000, откако денеска беше убедлив во четвртфиналето на турнирот во Монте Карло.
Шпанецот го одигра својот најдобар натпревар оваа недела во кнежевството каде славеше против казахстанскиот тенисер Александер Бублик со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-0.
Во полуфиналето Алкараз го чека подобриот од дуелот меѓу домашниот тенисер Валентан Вашеро и Австралиецот, Алекс де Минор. Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Јаник Синер и Александер Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

