Францускиот тенисер, Ришар Гаске е воодушевен од квалитетите на Карлос Алкараз. Шпанецот е на пат да ја заврши сезоната на второто место на АТП листата, а Гаске верува дека тој и Јаник Синер ќе ја одбележат ерата што претстои.
Иако Алкараз има само 21 година, веќе може да се пофали со четири гранд-слем трофеи. Во пресрет на Мастерсот во Париз, Гаске изјави дека Синер и Алкараз ќе го подигнат тенисот до нови височини.
„Алкараз не е кој било. Кога ќе го видам како игра, како се однесува, какво е неговото ниво на игра, тоа е лудост. Си велам дека тој ќе биде новиот Федерер и Надал, без сомнение. Синер исто така игра многу добро. Тој е одличен, а ќе дојдат и други играчи, тие ќе бидат двајцата најдобри играчи во следните 15 години“, изјави Гаске.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА