Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вели дека со сигурност во кариерата ќе го освои Вимблдон. 20-годишниот тенисер од Мурсија во Квинс само по третпат игра на оваа подлога и дојде до полуфиналето по одличната игра во дуелот со Григор Димитров.
„Овој меч беше мој најдобар на трева досега во кариерата. Чувствувам дека имам повеќе искуство од претходните години. Зрел сум за оваа подлога. Кога би имал повеќе мечеви на трева, сигурно би бил одличен играч и на оваа подлога“ – вели Алкараз, кого наскоро го чека и настапот на Вимблдон.
„Сигурно ќе го освојам Вимблдон, барем еднаш во кариерата. Се обидувам да учам од најдобрите и се чувствувам се покомфорно“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА