Алкараз: Кога сум во форма, знам дека ми нема рамен

Карлос Алакраз имаше интересна изјава која многумина ќе ја протолкуваат како препотентна, но доколку се следи статистиката тогаш можеме да заклучиме дека младиот шпански тенисер е во право.

Алкараз изјави дека „Кога е во форма, знае дека е најдобар од сите“, а тоа до некаде го докажува и фактот дека оваа сезона од 16 мечеви против ривалите од првата „десетка“ на АТП листата забележа 12 победи.

Единствени кои му застанаа на патот беа Александер Зверев во Мелбурн, Анреј Рубљов во Мадрид, Новак Ѓоковиќ на Олимписките игри и Каспер Руд во Торино. И покрај тоа што на АТП ранкингот е зад Јаник Синер, Шпанецот славеше во трите одиграни меѓусебни мечеви.

„Тоа е добар податок за мој самодоверба. Јас секогаш во таквите мечеви се фокусирам на добар тенис, да играм добро. Кога играте против најдобрите треба да го дадете максимумот. Ако не можете, тогаш ќе загубите.

Менталниот пристап е многу важен во тенисот. Начинот на кој себе си се подготвуваш за големите мечеви. Кога играм со најдобрите, во себе си повторувам дека јас сум подобар од нив, дека ќе играм најдобро со 100 отсто за да ги победам“, изјави Алкараз.

Се вчитува...