Алкараз лесно до 1/4 финале, на 2-0, Дрејпер му го предаде мечот

Еден од најдобрите тенисери во моментов, и еден од фаворитите за освојување на Грен слемот Австралија Опен Карлос Алкараз, се пласираше во 1/4 финалето во Мелбурн, откако неговиот ривал Џек Дрејпер му го предаде мечот при 2-0 за Шпанецот.

Алкараз „тесно“ го доби првиот сет со 7-5, но во вториот беше фуриозен и го доби со 6-1, по што Дрејпер не можеше да го следи ритамот, и му го предаде мечот. Алкараз во 1/4 финалето го чека победникот од Ѓоковиќ – Лехечка.

Во 1/4 финалето се пласираше и Тому Пол, кој со 3-0 (во сетови 6-1, 6-1, 6-1), го совлада Давидович-Фокина од Шпанија. Пол го чека победникот од Умберт – Зверев.

Се вчитува...