Алкараз лесно до четвртфинале во Барселона, па ја коментираше Лигата на шампионите

Карлос Алкараз лесно се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Барселона, победувајќи го Ласло Џере во два сета со резултат 6-2, 6-4, откако ден претходно беше слободен.

По натпреварот тој беше запрашан како си поминува во каталонската престолнина.

„Се обидувам да побегнам од тенисот. Отидов на шопинг, навечер гледам фудбал… Вчера беше одличен ден, собирав енергија за денес“ – изјави Алкараз, притоа алудирајќи на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите во Мадрид, во кој неговиот тим беше елиминиран од Арсенал.

Карлос е познат голем навивач на „кралскиот клуб“, исто како и неговиот претходник Рафаел Надал.

Во четвртфиналето Алкараз го чека тешка задача против австралискиот тенисер Алекс Де Минор.

Се вчитува...