Карлос Алкараз е во полуфиналето на Вимблдон, откако лесно со 3-0 го совлада Камерон Нори од Велика Британија, и после само 1 час и 40 минути игра се пласираше во следната фаза.
Алкараз ја имаше контролата на мечот во текот на сите три сета. Малку се опушти во последниот, кога имаше меч топка, па му дозволи на Нори да се врати, и да намали на 5-3. Сепак, на сервис на Шпанецот, Британецот немаше сили, и покрај тоа што водеше 30-15, сепак, на крајот Алкараз успеа да дојде до победата.
Во полуфиналето го чека уште еден Британец, во името на Тејлор Фтиц, кој го совлада Качанов со 3-1 во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

