Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ ќе игра уште едно полуфинале на Австралија Опен откако славеше во дуелот со 16 години помладиот Карлос Алкараз.
По исцрпувачкиот меч Србинот се огласи на социјалните мрежи каде објави порака во два часот и 20 минути по полноќ. „Ја завршив конференцијата за медиуми по еден од најдобрите мечеви во „Мелбурн Парк“ и еден од најдобрите мечеви на грен-слем турнирите, многу, многу години наназад.
Против Карлос кој секогаш носи неверојатна енергија, интензиетет и неверојатно искуство да се биде со него на теренот. Среќен сум за оваа победа, се гледаме во петок“.
„Неверојатно е да чуете такви зборови од некој кој играл толку историски натпревари и направил толку многу работи во историјата. Ја напуштам Австралија со крената глава. Многу сум среќен за зборовите на Новак“, одговори шпанскиот тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

