Алкараз му одговори на Ѓоковиќ: „Имам договор, можам да ви го покажам…“

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз му одговори на Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата по неговата победа на Австралија опен и ја „прошири“ приказната за „авторските права“ на сервисот.

Приказната за сервисот на Карлос Алкараз, кој наводно наликува на Новак Ѓоковиќ, сè уште предизвикува насмевки и големо внимание во тенискиот свет. Откако Ѓоковиќ на шега ја коментираше ситуацијата пред неколку дена, шпанскиот тенисер реши да возврати со иста мера.

Новак претходно истакна дека го контактирал Шпанецот во врска со „авторските права“.

„Штом го видов тоа, му пратив порака. Му реков дека треба да разговараме за авторските права. И му реков дека треба да разговараме за процент од неговата заработка. За секој ас мора да ми даде процент. Да видиме дали ќе се држи до договорот“ – изјави на шега Ѓоковиќ.

Алкараз се насмевна кога зборуваше за пораката што ја доби од најдобриот тенисер во светот.

„Имам договор за користење на сервисот, можам да ви го покажам“, се пошегува Алкараз на прес-конференцијата по победата над Корентано Муте.

„Новак ми испрати порака и кога ја видов, ми беше многу убаво. Кога ќе ги погледнете нашите сервиси, тие се навистина слични. Мислам дека Ѓоковиќ сервира многу добро, неговото движење е едноставно и секогаш ми се допаѓало. Секако, ова не значи дека нешто сум копирал, ниту пак сум се угледувал на него. Едноставно ги променив работите на овој начин“, заклучи шпанскиот тенисер.

Се вчитува...