Алкараз: Најдобар на светот е Новак Ѓоковиќ…

Карлос Алкараз го воодушеви светот на тенисот откако го осови Мастерсот во Мадрид победувајќи ги Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев од четвртфиналето до големото финале.

Тенисерот кој во Мадрид наполни 19 години по турнирот доби пофалба дека е најдобар на светот, но остана рамодушен и изјави дека најдобар е Новак Ѓоковиќ, а тој е на шестто место…

„Не, навистина не мислам така. За мене најдобар на светот е тој кој е број еден и тој кој ја заслужува таа титула. Тоа е Новак Ѓоковиќ, јас сум шести. Ми остануваат уште пет места да бидат најдобар на светот“, изјави Алкараз.

Се вчитува...