Алкараз: Не е сезона за десетка, не освоив златен медал на ЛОИ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз кој оваа сезона освои две грен-слем титули не си даде себе си најголема оцена за успехот во 2024 година.

Титулите на Ролан Гарос и Вимблдон, четвртфиналето во Австралија и второто коло во Њујорк, како и финалето на Летните олимписки игри не се успех за десетка.

„Не можам да ја оценам годината со десетка бидејќи човек секогаш може да биде подобар. Сепак ова беше извонредна година за мене. Ќе и дадам отприлика 8.5 до 9. Можеше да биде подобро со златен медал и успех на другите турнири.

Некои порази се уште се болни. Научив многу во однос како да ги распоредам тренинзите, слободните денови, за кариера тоа е многу поважно од самиот излез на теренот и тенисот. Колку порано да пристигнам на еден турнир, колку време ми е потребно, итн…“, изјави Алкараз.

Се вчитува...