Алкараз не ја поддржува тужбата од здружението на Ѓоковиќ

Карлос Алкараз не даде поддршка за тужбата што здружението на професионални тенисери ПТПА ја поднесе против водечките тениски организации во судот на Њујорк.

Здружението зад кое стои Новак Ѓоковиќ има поддршка од над 300 професионални тенисери во машка и женска конкуренција во судската борба против монополизацијата на тенисот, но Алкараз пред почетокот на својот настап на турнирот во Мајами се пожали што не бил контактиран на темата, поради што не ја поддржува тужбата поднесена во судот во Њујорк.

„Искрено, сето ова за мене е едно големо изненадување. Никој не ме контактираше во врска со тужбата, дознав за неа преку социјалните мрежи. Не сум информиран, и воопшто не ја подржувам. Најмногу од се, затоа што не знам за што точно се работи. Ми пречи што некои медиуми излегоа со мои стари изјави тврдејќи дека поради тоа ја поддржувам оваа тужба, што воопшто не е случај“, изјави Катлос Алкараз.

Се вчитува...