Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Вимблдон.
Двократниот шампион го победи Тејлор Фриц во четири сета (3-1) во полуфиналето.
Ова беше 24-та победа по ред на Алкараз во Лондон, а во недела ќе има шанса да постигне хет-трик на третиот гранд-слем во сезоната.
„Не сакам да размислувам за финалето. Сакам да уживам во моментот, фактот дека се квалификував трета година по ред ми дава дополнителна среќа. Понекогаш морам да престанам да размислувам за тоа. Имам време да размислувам за финалето, сега сакам да го гледам мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ“, рече Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

