Алкараз не виде мака со Лехецка, го чека Ѓоковиќ во полуфиналето?

Карлос Алкараз е првиот полуфиналист на УС Опен откако шпанскиот тенисер рутински славеше во четвртфиналната пресметка со Чехот Лехецка, со максимални 3-0 во сетови за помалку од два часа игра.

Вториот носител повторно делуваше импресивно на теренот, не дозволувајќи му на противникот ниту за момент да се понадева на сензација на теренот во Њујорк. Алкараз го доби првиот сет со 6-4, во вториот беше уште поубедлив добивајќи го со 6-2, за во третиот сет Шпанецот повторно да стигне до еден брејк, сосема доволно за конечните 6-2.

Останува да се види дали во полуфиналето ќе следиме мега-пресметка Ѓоковиќ – Алкараз, за тоа да се случи српскиот ас ќе мора да триумфира во вечерашната четвртфинална пресметка со домашниот миленик Тејлор Фриц.

Четвртата носителка Џесика Пегула стигна до билет за полуфиналето откако славеше со 2-0 на мечот со Крејчикова. Американката за противник во полуфиналето ќе ја има победничката од пресметката меѓу Сабаленка и Вондрушова.

Се вчитува...