Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут го предупредува Карлос Алкараз за предизвиците што го очекуваат во светот на врвнит тенис.
Алкараз досега има освоено четири Грендслем титули, но тоа не е гаранција за иднината.
„Не мислам дека Карлос Алкараз ќе освојува и во иднина грендслем турнири ако си легнува во 7 часот наутро“ – рече Агут, додавајќи:
„Врвниот тенис бара многу од тебе. Сè околу него е убаво и привлечно, а тој е млад, но мора да разбере дека ако сака да ги достигне бројките на тројцата великани, ќе мора да игра на високо ниво 15 години“.
Алкараз се замори во Мадрид и се повлече од турнирот поради повреда на адукторскиот мускул.
Оваа сезона го освои Мастерсот во Монте Карло, во Индијан Велс беше елиминиран во полуфиналето, а во Мелбурн во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА