Алкараз неприкосновен – ја завршува годинава како број 1 на АТП-листата

Карлос Алкараз стигна до триумф на дуелот со Лоренцо Музети, со што шпанскиот тенисер си го осигура првото место во групата во пресрет на полуфиналето од завршниот АТП турнир во Торино. Она што е уште поважно, Алкараз со оваа победа и официјално осигура дека ќе ја заврши 2025 година како прворангиран светски тенисер, без оглед на неговите резултати до крајот на овој турнир.

Токму тоа беше најзачајно за Карлитос, кој максимално мотивирано влезе во дуелот, трпеливо ја чекаше својата шанса, па при 5-4 ја искористи брејк можноста и го доби првиот сет со 6-4. Музети не можеше да го издржи притисокот, па по 1-1 во вториот сет следеа пет гејма во низа на апсолутна доминација на Шпанецот и заслужено во Топ 4 од овој завршен турнир.

Покрај Алкараз, место во полуфиналето од оваа група избори и Феликс де Минор од Австралија, благодарение на денешната победа од 2-0 во сетови над Тејлор Фриц.

Се вчитува...