Алкараз: Никогаш тоа не ми се случило, не можев да се контролирам

Шпанецот Карлос Алкараз на неславен начин го заврши настапот на турнирот во Синсинати со пресврт-пораз од Гаел Монфис. За него тоа беше прв турнир на бетон по поразот во финалето на Олимписките игри во Париз од Новак Ѓоковиќ.

„Беше толку фрустрирачки што не сакав повеќе да бидат на терен. Едноставно, не можев да играм. Не знам што се случи. Но, некогаш луѓето ја губат контролата. Сега бев тоа јас“ – рече Алкараз.

Во налетот на бес го искрши и рекетот што првпат му се случува пред очите на јавноста.

„Неколку пати го имав тоа чувство да сакам да го искршам рекетот. Никогаш тоа претходно не ми се случило, затоа што во такви ситуации бев во состојба да се контролирам. Главно ми успева да се контролирам, но сега веќе не можев. Дојдов до момент кога не можев да се контролирам“ – вели шпанскиот тенисер.

Се вчитува...