Најголемиот ривал на Новак Ѓоковиќ во последната година, Карлос Алкараз во интервју за „Tennis TV“ говореше на повеќе теми поврзани со „белиот спорт“, а меѓу другото и за ривалството со далеку поискусниот Новак Ѓоковиќ.
Дваесетгодишникот откри дека Србинот му е инспирација и мотивација поради која тренира максимално посветено на секој тренинг, а и се бори за секоја топка на секој натпревар.
„Нема да ве лажам. Новак Ѓоковиќ постојано ми е во мислите, на секој тренинг. Поради него размислувам дека морам да тренинрам уште подобро и на секој натпревар да се борат за секоја топка. Тренирам со цел и настапувам на турнирите со цел. Сакам да ја завршам годината како најдобар тенисер на светот“, изјави младиот Шпанец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

