Алкараз оди кон медал на ЛОИ: Преку Пол се избори до полуфинале

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, откако го совлада Томи Пол со 2-0 во сетови, и со тоа Шпанецот уште еднаш ја потврди фаворитската улога за медал на ЛОИ.

Алкараз откако лесно го доби првиот сет со 6-3 и дојде до предност, вистински драматично го доби вториот, со тај-брејк. Пол одлично се носеше, не се предаваше и сакаше да се врати во мечот, но на крајот со два поени успеа да го добие и вторито сет, и мечот.

Алкараз во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот Руд – Оже-Алаисим, кој се игра во 17 часот.

Се вчитува...