Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Карлос Алкараз доживеа шокатна елиминација на стартот на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во Мајами.
Тој на терените на турнирот во Флорида, загуби од искусниот белгиски тенисер, Давид Гофан со 2-1, по сетови 5-7, 6-4 и 6-3.
По мечот самиот призна дека одиграл очајно…
„Бев очаен. Сакав да играм подобро, по првиот сет очекував да е така, но Давид одигра одлично. Моето ниво не се подобруваше, а неговото беше одлично. Физички не бев добро, не се чувствував добро. Ја немав потребната самодоверба, па во такви услови тешко е да се игра добар тенис“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА