Најдобриот тенисер на светската листа, Карлос Алкараз го откажа настапот на турнирот од серијата 500 во Ротердам.
Шпанецот кој се очекуваше да го брани трофејот нема да биде дел од турнирот поради преголем замор по првиот грен-слем во сезоната, Австралија Опен каде се радуваше на трофеј со триумф во мечот против Новак Ѓоковиќ.
Местото на Алкараз ќе го превземе францускиот тенисер Џовани Перикард, а по откажувањето на Шпанецот прв носител на турнирот стана Александар Зверев, четвртопласираниот тенисер на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

