Алкараз откри каде ќе ја стави новата тетоважа

Најмладиот освојувач на кариерен слем, Карлос Алкараз успеа да ги обедини сите титули по победата во финалето на Австралија опен против Новак Ѓоковиќ.

Алкараз изјави дека за секој гранд-слем што ќе го освои за прв пат, ќе додаде нова тетоважа, а сега откри што ќе тетовира по триумфот во Мелбурн.

„Ќе биде мало кенгурче. Не знам точно каде сè уште, но ќе биде на ногата, помеѓу Вимблдон и Ролан Гарос – само треба да ја изберам вистинската страна!“, изјави Алкараз. 

Се вчитува...