Алкараз: Ова е нешто за што сонував уште од дете, да бидам шампион!

Шпанскиот тинејџер, Карлос Алкараз го собори рекордот по бројот на време поминато на терен на еден Грен слем и го освои истиот. Младиот тенисер рано утрово славеше над Каспер Руд со 3-1 во сетови и го освои УС Опен.

Алкараз до седумте победи стигна за повеќе од 23 и пол часа тенис во Њујорк.

„Малку сум уморен… Отсекогаш сум велел дека времето за умор не е последната недела од еден Грен слем. На секој турнир треба да дадеш апсолутно се што имаш. Работам многу, многу тешко за да стигнам до овде. Ова е нешто за што сонував уште од дете, да бидам шампион. Имам само 19 години, сите мои одлуки се во согласност со моето семејство и ова е нешто посебно за мене“, изјави Алкараз.

Со победата на УС Опен шпанскиот тенисер стана и најмладиот рекет број еден во историјата на АТП ранг-листата.

Се вчитува...