Карлос Алкараз доживеа шокантна елиминација од УС Опен уште во второто коло на турнирот од Холанѓанец Ботик ван де Зандшулп.
Шпанецот очекувано беше разочаран по мечот нагласувајќи дека едноставно бил збунет на теренот не можејќи да најде лек за противникот.
„Тој одигра неверојатен меч, не правеше грешки, а тоа мене ме вознемируваше. Направив многу грешки. Имав борба со себе, во мојот ум за време на натпреварот. Бев збунет, не можев да ги контролира емоциите“ – истакна Алкараз по мечот.
На новинарските забелешки дали можеби се уште е оптоварен од оној пораз во финалето на ЛОИ од Новак Ѓоковиќ, категорично негира.
„Не, можам да кажам дека тој пораз од Новак воопшто не ме вознемири пред УС Опен. Ми беше тешко еден час после финалето, а потоа бев горд бидејќи и донесов сребро на мојата земја. Најголемиот проблем е тоа што не се подготвив добро психички за овој турнир. Немав време, но верувам дека ќе научам нешто од ова“ – дополни Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

