Карлос Алкараз е елиминиран во полуфиналето на АТП Мастерсот во Индијан Велс. Џек Дрејпер беше подобар од Алкараз, што е голем успех за младиот Британец.
„Ова боли. Не сакав да загубам. Тешко ми беше, имаше многу тензија. Што можев да направам подобро? Да се насочам кон мојот стил, да се смирам..“ – рече Алкараз по мечот и дополни:
„Секако дека сакав да го освојам трет пат по ред овој турнир, но не можам да очекувам да победам на секој натпревар. Не сум толку разочаран што не го освоив третиот трофеј, колку што сум разочаран од себе – начинот на кој му пристапив на натпреварот, како што се чувствував во текот на денот, бидејќи не можев да се смирам колку бев нервозен пред натпреварот и во текот на целиот ден“.
На прашањето колку време ќе му треба да го заборави овој пораз, Алкараз е оптимист:
„Нема да ми треба многу. Се сметам себеси за личност која учи од неуспех, од пораз. Последен пат тука загубив, тоа беше полуфиналето, а потоа го добив Мајами. Затоа продолжувам понатаму, ќе учам од овој натпревар и ќе дадам се од себе во Мајами“ – вели Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА