Aлкараз по маратонски меч успеа да се спаси на Вимблдон

Актуелниот шампион на Вимблдон едвај успеа да се спаси од елиминација во третото коло на неофицијалното светско првенство во Тенис. Алкараз во еден тежок натпревар во пет сета на централниот терен славеше над Американецот Френсис Тиефо со 3-2, по сетови 5-7, 6-2, 4-6, 7-6 и 6-2.

Алкараз имаше големи проблеми во четвртиот сет кога при резултат 4-4 имаше 0-30 на свој сервис, но некако успеа да се извлече од ова, па потоа во тај-брејкот успеа да го одведе натпреварот во петтиот сет. Таму без проблеми славеше за ново осминафинале во „Ол ингланд“ клубот.

Во осминафиналето Алкараз за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Американецот Накашима и Французинот Умбер.

Се вчитува...