Алкараз по стапките на Ѓоковиќ и на Синер

Претстојниот мастерс-турнир во Торонто дефинитивно ќе биде далеку под очекуваниот квалитет откако Карлос Алкараз се приклучи на листата играчи кои го откажаа учеството во Канада.

Откако првиот носител Јаник Синер и големиот ас Новак Ѓоковиќ објавија дека нема да играат во Торонто, сега и Алкараз обелодени дека ќе мора да земе дополнителен одмор по напорите на Вимблдон, за да биде во најдобра можна форма за претстојното издание на УС Опен.

Шпанскиот тенисер објави дека по турнирот во Торонто, тој ќе отпатува за САД и планира да настапи на Мастерсот во Синсинати, кој ќе биде главна увертира за претстојното издание на УС Опен.

Се вчитува...